UNDP/ RFQ 19-2012 / РЕНОВИРАЊЕ НА ПРОСТОР, НАБАВКА НА МЕБЕЛ И ТЕХНИЧКА ОПРЕМА
Deadline: 25-05-2012
Location: Битола, Македонија
Back
Општи информации:
Обединетите Нации во земјата развоја заедничка програма за борба против семејното насилство (СН) која се состои од два комплементарни проекта чија цел е поддршка на Владата и невладиниот сектор во развојот на интерсекторската соработка и координација и јакнење на нивните капацитети за превенција на семејното насилство и пружање на соодветна поддршка на жртвите.
Програмата се имплементира во период од три години од пет ОН агенции: УНДП, УНФПА, УНИЦЕФ, УНЖЕНИ и СЗО. Националните партнери во имплементацијата се Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за обвразование и наука, Министерството за правда, Министерството за здравство, локалните власти и Невладиниот сектор.
Програмата за економско јакнење се спроведува со поддршка на Центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување, локалните власти и приватниот сектор.
Потребни документи за поднесување заедно со финансиската понуда:
- регистрација на фирмата (копија од Централен Регистар)
- дејност - градежништво
- профил на компанијата (најмногу една страна и.е технички и оперативни капацитети на фирмата)
- референци за успешно спроведени градежни работи (мин 3) во последните 5 години
- контакти (е-маил или факс ) од ваши клиенти за референца
Понудувачите ќе треба да достават понуда за пружање на следниве услуги/обезбедување на реновирање на простор од 33м2 во Битола, негово опремување со мебел и техничка опрема. Избраната компанија ќе треба горенаведената опрема/мебел да ја достави и монтира на соодветна локација во Битола која ќе биде дополнитлено специфицирана од страна на УНДП. Цената за достава и монтажа треба да биде вклучена во понудата.
Компанијата ќе треба во целост на принцип на клуч на рака да ја спроведе услугата најдоцна до 15 јуни 2012 година.
Краен рок: 25 Мај 2012
За повеќе информации кликнете тука
Back