Стопанската комора на Македонија организира Б2Б бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во Хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија.
Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји.
Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот.
За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина.
На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн.
За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на Пријавниот лист.
Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.
Краен рок: 28 Мај 2012
За повеќе информации кликнете тука