Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ЛИБЕРТАС / ТРИБИНА ЗА ПОЗИЦИЈАТА НА МЛАДИТЕ ОД ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 05-06-2012 Location: Скопје, Македонија Back


Во вторник, 05 Јуни 2012  во ЕУ инфо центарот во Скопје, со почеток во 13:30 часот ќе се одржи финалната јавна дебата од циклусот јавни дебати „Република млади“ насловена „Каква е позицијата на младите од помалите етнички заедници во Македонија?” организирана од Иницијативата за одбрана на младинското учество, поддржана од 51 младински и граѓански организации.

На јавната дебата ќе се презентираат резултати од истражувања за позицијата на младите во македонското општество: статистички профил, невработеност, вклученост и граѓански активизам од страна на Младинскиот образовен форум и Реактор – Истражување во акција.

На трибината ќе говорат претставници од Младински образовен форум, Реактор, - УФУК - претставник од турската заедница,  Шадрван - претставник од бошњачката заедница, Румелија - торбешки културно научен центар – претставник од торбешката заедница, Национален ромски центар Куманово - претставник од ромската заедница, Совет на млади Власи - претставник од влашката заедница.

Дискусиите од дебатите ќе резултираат со Бела книга за поддршка на младите во Македонија, студија која ги дефинира проблемите и предлага решенија и ефективни политики за млади.


Краен рок: 05 Јуни 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back