Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

УСАИД “МЛАДИНСКА МРЕЖА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ЈЕЦ МРЕЖА/ ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОСУЛТАНТ “СТОП BRAIN DRAIN СТРАТЕГИЈА 2013-2020“

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 10-07-2012 Location: Македонија Back


Министерството за образование   и наука во соработка со Проектот на УСАИД “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување – ЈЕЦ Мрежа, имплементиран од Центарот за развој на образованието (ЕДЦ) од САД распишува оглас за ангажирање на консултант за изготвување на “Стоп Brain Drain стратегија  2013-2020“.

Опис на активности:

  • Спроведување на истражување и анализа на постиечки документи и практики во полето на Brain Drain.
  • Организирање на индивидуални интервјуа и 5(пет) работилници со различни фокус групи, со присуство од 10 до 20 учесници.
  • Изработка на нацрт Стратегија за Brain Drain 2013-2020 која ќе се состои од три дела:

    1.Документирање на состојбата во Република Македонија
    2.Презентација на најдобрите пракси од светот, дефинирање на јасни мерки за претворање на Brain Drain во
       Brain Gain и максимално искористување на Brain Circulation
    3. Изработка на акционен годишен план за периодот 2013-2015

Криетриуми:

  • Завршено најмалку високо образование (општествени науки)
  • Најмалку 5 (пет) години релевантно искуство во истражувачки проекти
  • Искуство во изработка на документи за политичките и стратешки документи на Владата на Република Македонија
  • Докажана способност за работа со службеници од Владата, Министерството за образование и наука и други институции
    на различни нивоа
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање од софтверска обработка на статистички податоци

Распоред:

  15 Јули – 31 Јули 2012 – Подготовка на работилници со фокус групи – до 3 работни дена
  01 Август – 20 Септември 2012 – Спроведување на анализа на постоечки документи и одржување на работилниците
  со фокус групи – до 25 работни дена
  20 Септември – 31 Октомври 2012 – Изработка на драфт верзија на стратегијата за “Стоп Brain Drain  2013-2020“ – до работни 25 дена
  31 Октомври 2012 – Доставување на финалната драфт верзија од стратегијата за “Стоп Brain Drain 2013-2020“

Локација и времетраење:  од 15 Јули 2012 до31 октомври  2012.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  - Професионална биографија (CV) на англиски јазик
  - Доказ за завршено образование
  - Пропратно писмо во кое кандидатот  ќе наведе кој дел од неговото искуство и компетенции содејствуваат со барањата на конкурсот
  - Писмо со препораки од претходно релевантно работно искуство

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Интервјуто ќе го спроведуваат претставници од МОН и УСАИД ЈЕС Мрежа проектот. Апликациите треба да се достават препорачано по пошта или во писарницата на следнава адреса: Министерство за образование и наука Бул:Мито Хаџивасилев Јасмин бб 1000 Скопје, Р.Македонија со назнака “Да не се отвара пред 10.07.2012 година“, како и позицијата за која аплицира кандидатот. Само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас за ангажирање, ќе бидат земени за разгледување.


Краен рок: 10 Јули 2012

За повеќе информации видете во дневниот весник Дневник- 04.07.2012

 

Back