ЕВРОПСКА МРЕЖА НА МЕНТОРИ ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА (NEW-MENTOR) / ПОВИК ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МЕНТОРСКИ УСЛУГИ
Deadline: 10-11-2011
Location: Локација: Македонија
Back
Проектот new-MENTOR објавува повик за избор на 20 (дваесет) жени претприемачи од сите краеви на Р. Македонија кои се заинтересирани да добиваат бесплатни менторски услуги од успешни и докажани претприемачи од земјата кои ќе им ги пренесат своите искуства и вештини и ќе им помогнат на жените претприемачи поуспешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето.
Жените претприемачи кои ќе бидат менторирани треба да ги задоволуваат следниве критериуми:
- Имаат регистрирано сопствено претпријатие или имаат превземено постоечка компанија
- Компанијата да постои и да остварува деловни активности повеќе од 1 година а помалку од 4 години
- Има најмалку еден вработен
- Имаат потреба од надворешни консултации и вештини за поефективно соочување со предизвиците кои ги имаат како жени
претприемачи
- Се подготвени да остваруваат средби и консултации со ментори на волонтерска база
- Се подготвени да ги споделат сите потребни информации со менторот со цел за успешно одвивање на процесот на
менторирање
- Се подготвени за учество во мрежата и посветеност најмалку 12 месеци
- Се подготвени за презентирање на повратни информации како и учење од различни групи на луѓе
- Имаат желба и мотив да го искористат процесот на менторирање во насока на подобрување на својата компанија
Краен рок: 10 Ноември 2011
За повеќе информации кликнете тука
Back