ИПА- СОВЕТНИК ЗА ПОДГОТОВКА НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА – 2 (ДВА) ИЗВРШИТЕЛИ
Deadline: 12-09-2012
Location: Скопје, Македонија
Back
Министерството за образование и наука во рамки на проектот „Директно финансирање на трошоците кои произлегуваат од функционирањето на Оперативната структура за ИПА компонентата за Развој на човечки ресурси“, финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) објавува Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време во Министерството за образование и наука. Огласот опфаќа вработување на 2 (две) лица на определено време за период од 36 месеци, кои ќе работат во Проектната единица за спроведување на Оперативната програма за развој на човечки ресурси и тоа за следното работно место:
• Советник за подготовка на тендерска документација – 2 (два) извршители
Кандидатите покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи треба да ги исполнуваат и следните посебни услови потребни за вршење на задачите:
Вид на образование: најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, општествени науки, технички или природно-математички науки
Работно искуство во струката: најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации најмалку 1 година искуство во примена на правилата за набавка на ЕУ
Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: одлично усмено и писмено познавање на македонскиот и англискиот јазик, работа со компјутери
Краен рок: 12 Септември 2012
За повеќе информации кликнете тука
Back