Федералната комисијата за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2013-2014 ќе додели 20 до 30 стипендии за докторски или постдокторски студии за студенти од земјите од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.
Стипендиите се наменети за кандидати кои имаат завршено универзитетски студии со висок просечен успех (да не се постари од 35 години), за продолжување на докторски или постдокторски истражувања во сите научни области на еден од државните универзитети или признати институции во Швајцарија (швајцарски универзитети, федерални институти за технологија, наставнички и истражувачки институти, како и универзитети за применети науки), и тоа:
- стипендии за истражувања,
- стипендии за докторски студии и
- стипендии за пост - докторски студии
Во овие стипендии не се вклучуваат стипендии за додипломски и последипломски студии.
Формулари за аплицирање и сите потребни документи може да се подигнат во Амбасадата на Швајцарија во Скопје , интервјуто со кандидатите ќе се реализира во декември 2012 и јануари 2013 година.
Краен рок: 15 Ноември 2012
За повеќе информации кликнете тука