Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

CIVICA MOBILITAS ПРОГРАМА – ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРОЕКТНИ ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 08-10-2012 Location: Македонија Back


Цели на програмата                                                                        Максимален износ на грант: 5.000.000 денари

Програмата „CIVICAMobilitas“ има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетот на граѓанските организации и нивната одржливост со цел:
   - да вршат критичко следење на работата на органите на локалната самоуправа, особено во поглед на примената на начелата за
     еднаков пристап, правична распределба, недискриминација и ефикасност во давањето на јавни услуги
   - да вршат следење на финансиските, буџетските и сметководствени практики во јавните финансии, како и промовирање и
     поддршка на општествено одговорното работење во рамки на приватниот сектор
   - да го поттикнуваат и развиваат меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството.

Кој се може да аплицира?

Проектите ќе добијат финансиска поддршка само доколку вклучуваат проектни активности кои се во согласност со целите на „CIVICAMobilitas“:
   - подобрување на квалитетот на услугите од локалната самоуправа
   - зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење
   - поттикнување и развивање на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството
   - поттикнување зголемени комуникациски вештини; следење на работата на локалната самоуправа, особено од аспект на
     примена на принципите на еднаков пристап, правична распределба, недискриминација и ефикасност во обезбедувањето на
     јавните услуги
   - следење на финансиските, буџетските и сметководствените практики во јавните финансии, како и поттикнување и поддршка на
     корпоративна општествена одговорност во приватниот сектор
   - проекти поврзани со подобрување на меѓуетничките односи на институционално ниво (пр. малцински политики на
     институциите на централната и локалната власт).

Износ на грант
Во рамките на овој повик ќе бидат доделени проектни грантови на локални граѓански организации или коалиции од граѓански организации (регистрирани како единствен правен субјект) од Република Македонија, во максимален износ од 5.000.000 денари по проект.


Краен рок: 8 Октомври

За повеќе информации кликнете тука


 

 

Back