Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

CIVICAMOBILITAS ПРОГРАМА/ ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 22-10-2012 Location: Macedonia Back


Цели на програмата

Програмата „CIVICA Mobilitas“ има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетот на граѓанските организации и нивната одржливост со цел:
   - да вршат критичко следење на работата на органите на локалната самоуправа, особено во поглед на примената на начелата за
     еднаков пристап, правична распределба, недискриминација и ефикасност во давањето на јавни услуги
   - да вршат следење на финансиските, буџетските и сметководствени практики во јавните финансии, како и промовирање и
     поддршка на општествено одговорното работење во рамки на приватниот сектор
   - да го поттикнуваат и развиваат меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството.

Кој се може да аплицира?

На овој повик за аплицирање за институционални грантови можат да се јават граѓански организации со годишни програми и активности кои се фокусирани врз: децентрализација, добро владеење, застапување и лобирање, партиципативност, транспарентност и отчетност и/или меѓуетнички дијалог.

Износ на грант

Во рамките на овој повик ќе бидат доделени институционални грантови на локални граѓански организации или коалиции од граѓански организации (регистрирани како единствен правен субјект) од Република Македонија со годишен буџет од најмногу 7.500.000 денари, при што вредноста на грантот не смее да надмине 50% од годишниот буџет, кој ги вклучува вкупните оперативни трошоци и редовните трошоци за спроведување на активностите.


Краен рок: 22 октомври 2012

За повеќе информации кликнете тука



 

Back