ОИЦ/ ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА/ СТИПЕНДИИ ЕКСПО
Deadline: 16-11-2012
Location: Македонија
Back
Oпис:
СТИПЕНДИИ ЕКСПО е единствена манифестација која е од национално значење за Р. Македонија, каде на едно место ќе бидат презентирани најразлични стипендии и други видови на финансиска помош достапни на македонските граѓани за студии во земјата и во странство.
Главна цел на манифестацијата е промовирање на огромното значење што стипендиите го имаат за отварање и зголемување на пристапот до високото образование. Стипендиите имаат клучна улога во отстранување на финансиските пречки до високото образование и имаат директно влијание врз порастот на бројот на високообразовани граѓани, кој е неопходен за продолжување на македонскиот економски раст и создавање на општество базирано на знаење.
Учесници се македонски и меѓународни институции чии претставници ќе се погрижат да ги обезбедат сите потребни информации и да одговорат на прашањата од посетителите. Институциите учесници се домашни и странски универзитети, фондации и невладини организации, владини институции, странски дипломатски претставништва, амбасади, странски информатоивни центри.
Во прилог на штандовите на изложувачите, саемот ќе вклучува богата дополнителна програма составена од 20-минутни презентации на институциите кои ги доделуваат и/или администрираат стипендиите. Презентациите ќе им овозможат на посетителите да дознаат повеќе информации за конкретната институција и нејзините критериуми за доделување на стипендии.
Датум на одржување: 16-17 Ноември 2012 година
Место: Народна универзитетска библиотека
За повеќе информации кликнете овде
Back