НАТПРЕВАР ЗА ИЗРАБОТКА НА АПЛИКАЦИИ „КОЈА Е ТВОЈАТА АПЛИКАЦИЈА“
Deadline: 25-01-2013
Location: Македонија
Back
Опис:
'Која е твојата апликација' е натпревар за изработка на апликации за трите најпопуларни оперативни системи за мобилни телефони, односно: Android, iOS и Windows Phone. Натпреварот е организиран од страна на АЕК со цел младите и амбициозни програмери да ја покажат својата креативност и талент, а со тоа и да го надоградат своето знаење. Целта на натпреварот е да се поттикне развојот на новите технологии на пазарот, како и да се поттикне користење на широкопојасен интернет.
Правила за учество:
- На натпреварот има право да учествува секој полнолетен граѓанин на Република
Македонија.
- Вработени во Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК) и членови на нивните
потесни семејства се исклучени од правото на учество во натпреварот.
- Пријавување најдоцна до 25.01.2013 на електронската пошта apliciraj@aek.mk
Краен рок за пријавување: 25 Јануари 2013
За повеќе информации кликнете овде
Back