КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА 45 (ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТ) СТИПЕНДИСТИ ЗА ДВОНЕДЕЛЕН ЛЕТЕН КАМП ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА
Deadline: 25-04-2013
Location: Битола
Back
Технолошко – металуршкиот факултет, Машински факултет и Факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство
УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на пријавување имаат талентирани ученици кои се втора и трета година средно образование, и учениците кои минатата година беа добитници на четирите стипендии за летниот камп за талентирани млади (Center for Talented Youth, Johns Hopkins University) во Соединетите Американски држави:
- Да се редовни ученици во средно училиште во Република Македонија;
- Да се добитници на награди, дипломи, признанија од признаени државни, балкански и/или меѓународни натпревари;
- Да имаат постигнат континуиран одличен успех во средно образование;
- Да не повторувале година во текот на образованието;
- Да се државјани на Република Македонија;
НАЧИН, МЕСТО И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
За да се пријават наконкурсот кандидатите треба да се регистрираат на следната вебстрана: www.summercamp.finki.ukim.mk најдоцна до 25.04.2013 година до 10:00 часот. Изборот ќе се врши по пат на тестирање.
Кандидатите кои се пријавуваат за Иновативно машинско инженерство ќе бидат тестирани математика и физика. Тестирањето ќе се одржи четврток, 25.04.2013 година во 11:00 часот во Амфитеатарот на Машински Факултет - Скопје.
Прочитајте ја целата вест тука
Back