СТИПЕНДИЈА ЗА ТРЕТ ЦИКЛУС НА АКАДЕМСКИ (ДОКТОРСКИ) СТУДИИ ВО СТРАНСТВО
Deadline: 30-08-2013
Location: International
Back
Услови кои треба да ги исполнува апликантот
- кандидатот да е запишан на еден од првите сто рангирани универзитети во светот,
- имаат завршено втор циклус универзитетски академски студии чие вкупно времетраење со првиот циклус не е пократко од пет
години и има постигнат просечен успех од најмалку 8,5 посебно за првиот и вториот циклус на студии;
- има објавени најмалку 3 (три) научно-истражувачки труда во последните три години, во меѓународни научни списанија
или меѓународни научни публикации од научната област на која се однесуваат докторските студии;
- има уверение-потврда за активно познавање на странски јазик (ТОЕФЛ, ИЕЛТС, ДЕЛФТ или нивен еквивалент
за соодветното јазично подрачје), освен за кандидатите кои своето претходно академско образование
го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата;
- има работно искуство од најмалку 2 (две) години во научно - истражувачка или високообразовна установа,
стопанството или нестопанството на работни задачи поврзани со научната област на студиите од првиот и вториот циклус на студии;
- има барем 2 препораки од универзитетски професори, или работодавач (доколку е во работен однос);
- не е корисник на стипендија од друг/и давател/и.
- Кандидатите кои аплицираат за докторски студии да не бидат постари до 35 години.
Потребни документи
- Потврда од универзитетот (факултетот/институтот) односно докторската школа на кој е примен на трет циклус (докторски) студии
- Уверение/Диплома за завршен I (прв) иII(втор) циклус на студии.
- Копија од 3 (три) научно-истражувачки труда објавени во последните три години, во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации од
научната област на која се однесуваат докторските студии
- Уверение-потврда за активно познавање на странски јазик (ТОЕФЛ, ИЕЛТС, ДЕЛФТ)
- Доказ - потврда издадена од работодавач за работно искуство
- 2 препораки од универзитетски професори, или работодавач (доколку е во работен однос);
- Изјава заверена на нотар, дека кандидатот не е корисник на стипендија од друга/и давател/и
- Извод од матична книга на родените
- Уредно пополнета и потпишана пријава
Краен рок за аплицирање 30 Август 2013
Прочитајте ја целата информација тука
Back