Description
Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 37 мрежи од различни области.Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Македонија.Во CEEPUS мрежите вклучени се и Универзитети од гореспоменатите земји.
Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар, и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи(Joint degree).
Eligibility
- Филолошки факултет – Катедра за славистика;
- Филолошки факултет – Катедра за преведување и толкување, Англиски јазик ;
- Филолошки факултет – Катедра за Германски јазик и книжевност;
- Медицински факултет;
- Факултет за ветеринарна медицина;
- Машински факултет;
- Природно - математички факултет – Институт за математика;
- Природно - математички факултет – Институт за хемија;
- Природно - математички факултет – Институт за етнологија и Антропологија;
- Природно - математички факултет – Институт за географија;
- Факултет за земјоделски науки и храна;
- Економски факултет;
- Електро факултет
- Филозовски факултет – Институт за историја на уметност и археологија;
- Градежен факултет– Катедра за техничка механика и јакост на Материјалите;
Deadline 15 Јуни 2013
Read the full info here