Опис
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 за следните мерки:
Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија
Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности
Финансирање
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци, односно 55% за барање поднесено од носител на земјоделско стопанство не постар од 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101.
Краен рок: 30 Септември 2013
За повеќе инфомации кликнете тука