ПРОЕКТ ЗА УСЛОВЕНИ ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ (УПН ПРОЕКТ)/КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ-ДОГОВОР БР. МК-ССТ-МК7735- CS-CQ-11-3.3.3
Deadline: 08-12-2011
Location: Македонија
Back
На Република Македонија и е одобрен кредит од страна на Светска Банка за потребите за реализација на Проектот за условени парични надоместоци. Дел од овие средства ќе бидат искористени за плаќање на обврските што ќе произлезат од договорот што ќе се склучи за спроведување на Јавна едукативна кампања за потребите на Министерството за труд и социјална политика. Главната цел на јавната едукативна кампања е запознавање на јавноста со програмата за условени парични надоместоци како и придобивките кои ќе резултираат од имплементацијата на истата.
Компанијата треба да ги поседува следниве квалификации:
- Компaнијата во последните пет години треба да се занимава со осмислување и имплементација на јавни кампањи и треба да има
искуство во нудење мулти дисциплинарни- интегрирани улсуги
- Награди ило државни признанија за успешна работа на компанијата и препораки од клиенти ќе се смета за предност
- Технички капацитет. Треба да биде краток опис на организационата поставеност на фирмата. Консултантот треба да поседува
мешани тимови на искусни вработени.
За дополнителни информации може да се обратите во Единицата за управување со УПН Проектот, телефон број: ++389(0)2 3296-807, ++389(0)2 3296-291, е-маил: sbatova@mtsp.gov.mk
Документите со кои се изразува интерес мора да бидат доставени најдоцна до 8 Декември 2011 година на следната адреса:
Министерство за труд и социјална политика
Проектот условени парични надоместоци (УПН Проект)
Даме Груев 14, 1000 Скопје, Република Македонија
Со назнака: за Андријана Бакева, директор на УПН проект
Back