Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

НАГРАДА „ЖАН МОНЕ“ ЗА 2013 ГОДИНА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 15-11-2013 Location: Macedonia Back



Опис


Делегацијата на Европската Унија го објавува конкурсот за наградата „Жан Моне“ за 2013 година.

Наградата „Жан Моне“ ќе се доделува за 3 натпреварувачки категории за најдобри достигнувања во известувањето за теми поврзани со ЕУ и со пристапувањето на земјата кон ЕУ:

   - Конкурс за најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатените медиуми и/или на веб)
   - Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на веб)
   - Конкурс за најдобра аматерска фотографија


Кој може да аплицира


    - Конкурс за најдобар новинарски напис

Творбите што ќе учествуваат во оваа категорија се новинарски написи за ЕУ и за пристапувањето на земјата кон ЕУ, објавени во домашните весници, списанија и веб-сајтови, и тоа во периодот помеѓу 8 ноември 2012 година и 15 ноември 2013 година.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

    - Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на веб)

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, коишто може да достават до 3 фотографии посветени на теми за ЕУ, а кои биле објавени во периодот помеѓу 8 ноември 2012 година и 15 ноември 2013 година.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

    - Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите аматери-фотографи од земјата, коишто може да достават една фотографија посветена на тема за ЕУ. Фотографиите што ќе конкурираат во оваа категорија може и не мора да се објавени претходно.
Награда: Диплома и парична награда од 500 евра.


Краен рок: 15 Ноември 2013

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back