МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Deadline: 22-11-2013
Location: Македонија
Back
Опис
Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува: Повторен јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Црна Гора.
Критериуми
- компетентност на рецензентот, за што може да добие максимум 30 поени;
- рецензентот да има објавено три научни трудови во меѓународни списанија, најмалку два труда во последните три години, за што може да добие максимум 20 поени
- да е главен истражувач на најмалку еден национален проект за што може да добие максимум 15 поени;
- да е учесник во најмалку еден национален проект, за што може да добие максимум 5 поени;
- да е главен истражувач на најмалку еден меѓународен проект за што може да добие максимум 20 поени;
- да е учесник во најмалку еден меѓународен проект, за што може да добие максимум 10 поени;
Одговорности
Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција), можности за примена на резултатите.
Краен рок за пријавување: 22 Ноември 2013
За повеќе информации кликнете тука
Back