Опис
На Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во Скопје, на 26 Ноември 2013, во 17ч, ќе се одржи предавањето на тема "Game Development Today" кое ќе обработи прашања од темата на развој на игри во оваа индустрија денес, предизвиците, новите технологии и можностите во неа. Предавањето е под покровителство на компанијата Нордеус, најголемиот издавач на видео игри во регионот. Предавањето ќе го одржи Иво Нешковиќ, софтверски инженер од Нордеус. На предавањето ќе присуствува и Марјан Петковски, генералниот менаџер на Нордеус Скопје, како и Милена Дулановиќ, HR менаџер во Нордеус.
Таргет група
Сите заинтересирани за работа во индустријата за видео игри, луче кои сакаат игри и сакаат да ги развивате истите самостојно или во некоја од компаниите за развој на видео игри.