Опис Мах. сума на грант: 614.200 денари или 307.100 денари
Проектот Мрежа 23 го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени. Проектот започна на 30 април 2014 година и истиот ќе трае 15 месеци. Проектот Мрежа 23; има за цел да го апреди влијанието на граѓанските организации во процесот на пристапување во Европската унија преку активно вклучување во следењето и евалуацијата на политиките и спроведувањето на законодавството на ЕУ, со фокус на Поглавјето 23; Правосудство и темелни права. Проектот нуди унапредување на капацитетите на граѓанските организации преку формирање иновативнимрежи и партнерства за постигнување поголемо влијание врз клучните реформски процеси во земјата. Со проектот се обезбедува вопоставување соработка помеѓу граѓански организации кои дејстуваат на централно и локално ниво и реализација на грантова шема за избрани организации.
Проектните активности имаат за цел да создадат структуирана координација помеѓу граѓанските организации за следење и евалуација на спроведувањето на законодавството од Поглавјето 23; да ги зајакнат капацитетите на грѓанските организации за следење и евалуација на спроведувањето на политиките од Поглавјето 23 на локално и централно ниво; да влијаат врз процесот на донесување одлуки преку координиран пристап на мрежата 23 и да го зголемат нивото на јавната свест за значењето на Поглавјето 23 врз севкупниот процес на пристапување во ЕУ.
Заинтересираните граѓански организации се мотивираат да поднесат проектни апликации во следниве области:
I. Правосудство
- Зајакнување на независноста и објективноста на правосудниот систем
- Зајакнување на ефикасноста на правосудниот систем
- Пристап кон правдата
II. Борба против корупцијата
- Борба против корупцијата (правна и институционална рамка)
- Спречување на корупцијата
III. Темелни права
- Оваа област ги опфаќа сите права кои се составен дел на Повелбата за темелните права и слободи на Европската Унија
Висина на грантот
Во рамките на проектот е предвидена грантова шема за граѓански организации со вкупен фонд од 3.071.000 денари. Истата ќе опфати најмалку 7 организации кои ќе предложат проекти кои се однесуваат на локално и на државно ниво (најмалку пет проекти на локално ниво, најмалку два проекти на државно ниво).
- максималниот износ за кој можат да аплицираат организациите е: 614.200 денари. Истиот се доделува за
спроведување
активности на ниво на повеќе општини/државно ниво.
- додека за граѓански организации кои ќе спроведуваат активности на локално ниво (една општина),
максималниот износ на грантот изнесува: 307.100 денари.
Право на учество
Организациикои имаат право на учество на повикот треба да се:
- граѓански непрофитни организации регистрирани во Република Македонија,
- основани најмалку една година пред датумот на објавување на овој повик,
- со соодветен организациски и финансиски капацитет на организацијата.
Рок за поднесување: 10 Септември 2014.
За повеќе информации кликнете тука.