Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ОГЛАС ЗА КОНСУЛТАНТИ ЗА РЕГУЛАТОРНИ РЕФОРМИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 30-12-2011 Location: Македонија Back


Центарот за управување со промени огласува две позиции за консултанти кои ќе работат во Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот “Регулаторна реформа” поддржан од Британската Амбасада Скопје.
Консултантите ќе бидат ангажирани со полно работно време на период од 6 месеци, од јануари 2012 до јуни 2012 година, со можност за продолжување до март 2013 година.

Опис на работното место за двете позиции:

    -Подготовка на анализи на закони од аспект на поедноставување на административните процедури;
    -Подготовка на предлог мерки за поедноставување на административните процедури;  
    -Подготовка на економски анализи за проценка на влијанието на регулативите;
    -Координација со стопанските комори, деловната заедница и други релевантни институции;
    -Соработка со владините институции во предлозите на мерките за намалување на административните процедури;
    -Организација и учество на средби и дебати за регулаторната реформа;
    -Координација и организација на сите настани поврзани со регулаторната реформа, вклучувајќи и логистички работи;
    -Подготовка на наративни и финансиски извештаи за проектот.

Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:


    -Да имаат завршено високо образование од областа на економските науки;
    -Да имаат најмалку 3 години релевантно работно искуство;
    -Да имаат одлични аналитички вештини и способности;
    -Да имаат познавања од областа на стопанското право;
    -Да се креативни, динамични и отворени за соработка;
    -Да имаат искуство во областа на проектно работење;
    -Да имаат одлично познавање на англискиот јазик, комуникациски вештини и работа со компјутер.

Краен рок: 30 Декември 2011

За повеќе информации кликнете тука




 

Back