Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ЦИВИКА МОБИЛИТАС/ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 26-01-2015 Location: Macedonia Back


Основа

Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска. Визијата на програмата е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани. Цивика мобилитас има мисија да биде движечка сила за одржливо граѓанско општество, кое: практикува позитивни, демократски вредности; ги ангажира граѓаните во локални општествени иницијативи и е во добра интеракција со своите конституенти; е институционализирано и вклучува бројни динамични, големи и мали, урбани и рурални, разновидни организации на граѓанското општество; има позитивно влијание на понатамошниот развој на Македонија.

Расположиви средства

Целокупниот индикативен износ на средства кој е на располагање за овој повик за предлози е 1.500.000 швајцарски франци, за сите институционални грантисти кои ќе бидат поддржани во период од три години. Расположливиот износ за првата година е 500.000 швајцарски франци. Просечниот износ кој ќе биде доделен по грантист ќе изнесува приближно 30.000 швајцарски франци на годишно ниво, што всушност изнесува1.500.000 МКД годишно.
Цивика мобилитас го задржува правото да го измени овој износ (зголеми, намали) во завис-ност од резултатите на овој повик.
Цивика мобилитас исто така го задржува правото да не додели дел или сите расположливи средства и да ги алоцира за идни повици.

Пресметка на институционалните грантови

Големината на грантовите на годишно ниво нема да надмине минимум 15.000 и максимум 40.000 швајцарски франци по институционален грантист.
Институционалните грантови во овој повик ќе бидат обезбедени врз основа на просечниот годишен буџет (приходи) на апликатите од последните три финансиски години. Цивика моби-литас има за цел да придонесе со приближно 30% од просечниот годишен буџет на избраните грантисти. Сепак, ова е само индикативен процент и конечниот износ за кој ќе има договор може да варира, зависно од исходот на процесот на преговори пред склучувањето на догово-рот. Тој процес ќе ја вклучи споредбата на финансиските потреби на апликантот, претставена преку барањето за грант, а ќе вклучи подготовка заедно со Цивика мобилитас, на јасен и оправдан буџет.

Апликанти

За да биде квалификуван за институционален грант под овој повик, апликантот мора: да биде граѓанска организација која е регистрирана во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010).
Цивика мобилитас е отворена за граѓански организации со различни вредности, убедувања, и ставови. Сепак, како програма за добро владеење, треба да охрабрува однесување во соглас-ност со принципите на добро владеење, како што се владеење на правото, транспарентност и отчетност и обесхрабрување на однесување кое не е во согласност со нив.
Согласно Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ), подготвувањето, испраќањето и објавува-њето годишни финансиски извештаи е законска обврска. Па оттука, Цивика мобилитас пред сѐ поддржува граѓански организации кои ги исполнуваат законските обврски, наспроти тие кои не ги исполнуваат овие обврски.
За таа цел, Цивика мобилитас ќе им даде приоритет на апликантите кои: подготвиле, испратиле и објавиле годишен финансиски извештај кој ги покрива послед-ните три финансиски години (ако е применливо) согласно ЗЗФ.


Краен рок: 26 Јануари 2015

За повеќе инфомации кликнете тука



 

 

Back