ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДОЛНА НОРМАНДИЈА/МАКЕДОНИЈА: ГОДИШЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ЗА 2015-2016 ГОДИНА
Deadline: 11-02-2015
Location: Македонија/Франција
Back
Опис Максимален износ: 25 000 ЕУР
Соработката помеѓу францускиот регион Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2006 година со цел да се поттикне територијалниот развој и децентрализацијата во двете територии. Програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Република Македонија обезбедува финансиска поддршка за проекти за поттикнување на локалналниот развој и демократија. Во 2013 година во рамки на првиот повик за проекти се реализираа девет проекти во двете територии.
Во ноември 2014 година, во рамките на програмата за децентрализирана соработка објавува повик за проекти на следните теми:
- Мир и помирување,
- Човекови права : демократска ангажираност и граѓанско учество,
- Култура и културно наследство,
- Туризам.
Цели
Овој повик за проекти има за цел :
- да се зајакне вмрежувањето на територијални чинители од регионот Долна Нормандија, во согласност со европските и
националните политики, и во соработка со локални власти и со Центрите за регионален развој во Република Македонија ;
- да се поттикне локалниот развој преку спроведување на проекти кои вклучуваат повеќе сектори, теми, нивоа и видови на
партнери ;
- да се промовира размена на знаења, искуства и експертиза помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
Право на Учество
Право на учество на овој повик имаат единици на локална самоуправа, организации, културни или образовни институции од Долна Нормандија и Македонија.
Буџет
Вкупниот износ на финансиските средства за овој повик изнесува 160 000 евра.
Поединечен Грант
Износот на поединечен грант би изнесувал од 10 000 до 25 000 евра
Краен рок: 11 Февруари 2015
За повеќе информации кликнете тука
Back