Цели
Мисијата на Фондот е поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, истражување за развој и иновации кои придонесуваат кон создавање нови работни места и економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за развој на конкурентските способности на претпријатијата.
Финансирање
За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 600.000,00 (шестотини илјади) евра, односно 36.900.000,00 (триесет и шест милиони и деветстотини илјади) денари.
Со инструментот се обезбедува финансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра.
Преостанатите 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
За преостанатите 15% (петнаесет проценти) за финансирање обезбедени од апликантот како прифатливи средства нема да се сметаат средства добиени од Фондот по друг основ или средства од која било друга државна помош.
Подобност
Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните услови:
- правното лице да биде основано во согласност со Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РМ;
- новоосновано, микро, мало или средно претпријатие (до 250 вработени), кое постои не повеќе од шест години;
- претпријатие во сопственост на лице или лица, македонски државјани, или установа која врши високообразовна односно
научноистражувачка дејност (до 20%) или микро, мало или средно претпријатие – со доминантна македонска сопственост (50,1%
или повеќе);
- приходите на претпријатието да не надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра;
- нема подигнато финансиски средства во износ поголем од 100.000,00 (сто илјади) евра (капитал, заем или грант) во последните
две години, од приватни или јавни извори, наменети за проектот за којшто аплицира;
- не е капитално поврзано (според Законот за трговски друштва) или има или е под контрола (повеќе од 51% сопственост) на
друго претпријатие кое има подигнато финансиски средства над 100.000,00 (сто илјади) евра од различни извори (капитал, заем
или грант) од приватни или јавни извори, наменети за проектот за којшто аплицира;
- не е капитално поврзано (според Законот за трговски друштва) со друго претпријатие (со повеќе од 250 вработени), каде што
збирните приходи на претпријатијата надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра во една од претходните две години, освен за
претпријатија во доминантна сопственост на универзитети, високообразовни институции и истражувачки центри.
Краен рок: 18 април 2015
За повеќе информации кликнете тука