Маx. Износ на подршка: ЕУР 13.000
Таканаречените мали проекти претставуваат важен инструмент на Техничката соработка меѓу Германија и Македонија. Амбасадата располага со буџет со кој може брзо и небирократски да даде помош за проекти, кои непосредно се од корист на сиромашните и најсиромашните слоеви од народот и ги задоволуваат основните потреби. Во изминатите 15 години Амбасадата во земјата реализира над 80 проекти од овој вид.
Цел:
Малите проекти треба да претставуваат директно задоволување на основните потреби на сиромашното население
Проекти кои се подржуваат, генерално се ́ што придонесува за доброто на една заедница, пр.водоснабдување, изградба и/или опремување на училишта или болници, набавка на опрема за заедницата , Проекти од германската или мултинационалната развојна соработка ако домашниот партнер е носител на проектот и примател на помошта и проектот претставува целина за себе(забрана на двојно подржување).
Поднесувачи на барање:
Домашни носители како невладини организации, групи за самопомош, месни заедници, општини, училишта, детски градинки, јавни здравствени организации и други установи од таков вид.
Износ на подршката:
Износ за подршка до 8.000 евра , во посебно образложени случаи до 13.000 евра
Постапка:
- Посета на лице место од страна на претставници на Амбасадата пред да се склучи договор
- Склучување договор за проектот со носителот на проектот
- Носителот ја спроведува реализацијата, Амбасадата врши исплата по добивањето на фактурата
- Приложување на орогонални фактури/сметки по правило и писмен извештај (Verwendungsnachweis)
Краен рок: отворен
За повеќе информации кликнете тука