ЦИВИКА МОБИЛИТАС: ПОВИК ЗА АКЦИСКИ ГРАНТОВИ [ЦМ-АКТ-01]
Deadline: 20-05-2015
Location: Македонија
Back
Опис
Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас (2014-2018) има визија за Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани.
Кој може да аплицира
Пријави можат да поднесат организации од Македонија, и тоа:
- граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010);
- непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.
Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат и партнери. Освен погоре наведените категории организации, партнери можат да бидат и медиумите, синдикатите и организациите на работодавачи.
Буџет
Расположливиот вкупен износ за овој повик е 25.000.000 денари.
Големина на грант
- Минимален износ: 1.000.000 денари
- Максимален износ: 1.800.000 денари
Краен рок: 20 Мај 2015
За повеќе информации кликнете тука
Back