Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции ве повикуваат да учествувате на натпреварот „Паметна автобуска постојка“ организиран во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП кои ја поддржуваат лабораторијата за социјални иновации на ФИНКИ и го поддржуваат Град Скопје во воведувањето на иновации во јавниот сектор преку вклучување на заедницата во изнаоѓање на решенија со цел подобрување на јавните услуги.
Натпреварот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој и дизајн на идејни решенија.
Рок: 15 Октомври 2016
За повеќе информации притиснете овде