ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ВЕБИНАР ЗА ОБУКА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ
Deadline: 29-09-2016
Location: Macedonia
Back
Информации за настанот
Националната агенција за европски програми и мобилност Ве известува дека во четврток 29 септември 2016 година во 13.30 часот ќе одржи веб обука за поднесување на апликации од Клучната акција 205 Стратешки партнерства во полето на млади. Обуката ќе биде спороведена преку интернет алатка (вебинар), а ќе бидат опфатени правилата за учество на третиот рок 4 октомври 2016 година во полето на млади, разгледување на апликација и пополнување на истата, формирање на буџет и распределба на средствата. Последниот дел од сесијата ќе биде отворен за интерактивна дискусија со присутните на вебинарот. Доколку сте заинтересирани за присуство, внесете ја вашата електронска адреса (e-mail) на линкот подолу на кој ќе биде пратено покана за учество. Како би го следеле вебинарот потребно е да обезбедите интернет конекција и основни уреди за следење вебинар (компјутер, микрофон, слушалки – камера не е потребно). Инструкции за влез на вебинарот ќе Ви бидат испратени на маил со поканата.
Рок: 29 Септември 2016
За повеќе информации притиснете овде
Back