Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА МЕДИУМСКАТА И ИНФОРМАЦИЦИСКАТА ПИСМЕНОСТ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 20-10-2016 Location: Macedonia Back


Краток опис


Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (В. Британија) и со дневниот весник „Нова Македонија“ објавува повик за доделување грантови за граѓански организации за иницијативи со кои ќе се промовира медиумската и информациската писменост во земјата.Предложените иницијативи треба да се насочени кон едукација и јакнење на свеста на граѓаните за значењето на медиумската писменост, разбирање на медиумските содржини и употреба на медиумите како канал за артикулирање на граѓанските интереси и активно учество во јавната сфера. Сите иницијативи треба да се реализираат во партнерство со најмалку еден медиум кој работи во земјата.

Приоритетни теми:

Предност ќе им се даде на оние иницијативи кои промовираат партиципативна култура и општествени промени во следните области: (1) Слобода на изразување; (2) Антидискриминација и маргинализирани групи; (3) Младински активизам (4) Животна средина; (5) Социјална заштита; и (6) Здравствена заштита.

Право на учество

Повикот е отворен за сите регистрирани здруженија на граѓани во Р. Македонија, како и регистрирани коалиции и мрежи кои овие здруженија ги основале. Доколку коалицијата/мрежата не е формално регистирана, треба една од организациите да биде носител на апликацијата, и притоа да достави потврда со потпис од членовите на мрежата/коалицијата.

Финансиска и друга поддршка

Избраните иницијативи ќе добијат:

  - Грант во висина до 5.000 евра во денарска противвредност;
  - Обуки за претставниците на граѓанските организации и на медиумите;
  - Менторство при реализација на одобрените проекти во период од осум месеци.


Рок: 20 октомври 2016 година, до 16:00 часот.

За повеќе информации притиснете овде


 
Back