Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ЗДРУЖЕНИЕТО ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА АНИТКО/ ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТИ/КИ НА ТЕМАТА ЗАСТАПУВАЊЕ/ADVOCACY.

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 07-10-2016 Location: Macedonia Back


Краток опис


Генералната цел е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во промовирање 
на односите меѓу заедниците, преку развојот на партиципативната демократија. Конкретната цел на проектот е да се поддржи градењето доверба меѓу заедниците преку поттикнување на заедничките интереси и стимулирање на локални акции во процесот на донесување на одлуки; Зајакнување на капацитетите на локалните ГО за застапување базирано на докази; како и воспоставување на соработка и вмрежување со соодветните донесувачи на одлуки и други засегнати страни.

Опис на работните задачи

Експертот/ката е предвидено да се ангажира во времетраење од 2 години преку:

  - испорака на 2 тродневни обуки (вкупно 6 дена ангажман – 3 денови првата година и 3 денови втората година);
  - учество на форумите во заедниците во 12 општини (вкупно 24 денови ангажман, односно 12 денови првата година во 6 општини и 12
    денови втората година во 6 општини);
  - учество во експертски тим и работење и поддршка во процесот на оформување на годишна програма во 12 општини

Потребни квалификации

Експертот/ката треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

  - Завршено високо образование;
  - Искуство во граѓанскиот сектор и во дизајнирање, спроведување и евалуирање на обуки на разни таргет групи на темата
    Застапување/Advocacy (најмалку 5 години);
  - Искуство во медијаторство и/или фацилитирање на форуми во заедниците;
  - Експертиза во подготвување на годишни програми – акциски планови во ГО и ЕЛС


Рок: 7 октомври 2016 година

За повеќе информации притиснете овде


 
Back