Краток опис
Проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“ (ОГА) има за цел да го поддржи создавањето механизми за граѓански организации и граѓани кои се залагаат за транспарентност и отчетност на институтциите преку граѓански активизам, ангажман или имплементирање на иницијативи во заедниците од областите на владеење на правото, доброто владеење и социјална кохезија. Метаморфозис го објавува ова Барање за апликации за да обезбеди поддршка за граѓанските организации при справување со проблеми поврзани со отчетноста, транспарентноста и социјалната кохезија и да го промовира доброто владеење преку грантова шема од 44.000 фунти, со тоа што ќе додели околу 10 мали грантови на граѓанските организации во Македонија (варирајќи од 2000 до 5000 фунти).
Критериумите за квалификуваност:
- Апликантот е локална граѓанска организација регистрирана во Република Македонија
- Формуларот за апликација е целосно пополнет и ги има потребните прилози
- Апликацијата е поднесена пред истекот на рокот
- Побараната финансиска поддршка да не ја надминува максималната сума за мал грант
Големина на грант
- Од 2.000 до 5.000 фунти по проект
Рок: 24 октомври 2016 година, до 16:00 часот
За повеќе информации притиснете овде