Краток Опис
Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) како дел од проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите” објавува повик за граѓански организации за учество на обука за ЕУ проектен дизајн и менаџмент.
Во рамки на проектот ќе бидат спроведени четири обуки, на кои ќе бидат опфатени следниве теми: раководење со проектен циклус, запознавање со елементите на логичка рамка, логика на интервенција и изработка на проектна апликација. Покрај учесниците од граѓанскиот сектор на обуката ќе учествуваат и преставници од Центрите за социјална работа. Освен горенаведените теми, за време на обуките ќе се иницира подготовка на заеднички проектни апликации од областа на социјалната вклученост.
Овој проект e поддржан од Европската Комисија и истиот има за цел да ги зајакне капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејности, центрите за социјална работа низ Републиката и граѓанските организации за поефикасно да се искористат фондовите на Европската унија.
Рок: 17 октомври 2016
За повеќе информации притиснете овде