ПОВИК ЗА OБУКА ЗА ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ И ДИСЕМИНАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОДУКТ
Deadline: 31-10-2016
Location: Macedonia
Back
Кратка содржина
Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) како дел од проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите” објавува повик за граѓански организации за учество на обука за истражувачки методи и дисеминација на истражувачки продукти.
Цел
Целта на обуките е да се надградат истражувачките и аналитичките вештини на претставниците на граѓанските организации. Во рамки на проектот ќе бидат спроведени две обуки, на кои ќе бидат опфатени следниве теми: истражувачки методи (интервјуа и фокус групи), деск истражување и подготовка на документи за јавни политики. Првата обука ќе се одржи од 7 до 9 ноември, додека втората од 9 до 11 ноември во Охрид. Учесниците на обуките ќе имаат предност доколку аплицираат на престојниот повик за грантови на ИДСЦС за мониторинг на имплементацијата на локални планови за социјална вклученост.
Рок: 31 Октомври 2016
За повеќе информации притиснете овде
Back