Краток Опис
Советот на млади на Општина Центар – Скопје во рамките на проектот „Центар за претприемаштво“ објави повик за учество на три обуки за млади претприемачи (26.11.2016), бизнис план (3.12.2016) и работилница за развој на бизнис план (10.12.2016), што ќе се одржат во просториите на Канцеларијата за млади.
Во обуката за млади претприемачи учесниците ќе бидат запознаени со основите на претприемаштво, основањето и водењето на бизнисот, со успешните приказни на глобално и локално ниво. Во текот на обуката учесниците ќе се запознаат и со аспектите на социјалното претприемаштво и концептот на старт-ап бизнисите. Учесниците ќе бидат поделени во групи врз основа на информациите што ќе ги добиеме при апликациите за учество.
Во втората обука учесниците ќе се здобијат со подетално знаење за бизнис-планот и со сите негови компоненти: опис на бизнис-идејата, истражување на пазарот, анализа на конкуренцијата, фактори за успех, бариери за инвестирање, маркетинг-стратегија, ресурси, финансиска анализа, трошоци за почеток на бизнисот и др. Во соработка и со помош на обучувачите, учесниците поделени во тимови ќе ги разгледаат своите идеи во контекст на бизнис планот, но и ќе бидат насочени на размислување и започнување со пишување на проектите/идеите во периодот до наредната обука.
Рок: 23 Ноември 2016
За повеќе информации притиснете овде