За проектот
WeBER (Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество) е тригодишен проект вреден 1.273.411 евра, финансиран од страна на Европската унија, претставена од Европската комисија.
Услови за учество
Механизмот за грантови е предвиден во рамките на активностите на Механизмот за грантови за локалното граѓанско општество во создавање овозможувачка околина за реформи во јавната администрација. Општата цел на повикот на механизмот за грантови се совпаѓа со конкретната цел на Проектот WeBER: да им се овозможи на локалните тела за надзор, локалните организации и медиумите да работат на прашања поврзани со реформите во јавната администрација. Конкретните цели на механизмот за грантови се совпаѓаат со следните резултати на оваа активност: 1) да им се овозможи на локалните тела за надзор, локалните организации и медиумите да учествуваат во мониторинг на реформите во јавната администрација и да се залагаат за реформи во јавната администрација; 2) да создадат и поддржат локални работни групи на граѓанското општество за реформи во јавната администрација.
Доделени се вкупно 255.000 евра за Механизмот за грантови, преку поддршка на 30 грантови во износ од 5.000 и 10.000 евра (8.500 евра во просек), од кои 6 во Србија, 6 во Босна и Херцеговина, 5 во Албанија, 5 во Македонија, 4 во Косово, и 4 во Црна Гора. Времетраењето на доделените грантови е помеѓу 6 месеци и максимум 12 месеци.
За да се квалификува за добивање грант, подносителот на апликацијата треба да биде:
- Правно лице
- Непрофитна организација
- Организација на граѓанското општество што работи на една или повеќе тематски области што се релевантни за овој ПДА
- Регистрирано во една од земјите во рамките на проектот (Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, и Косово);
- Основано во една од земјите во рамките на проектот (Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, и Косово);
- Основано најмалку една година пред објавувањето на овој повик;
- Директно одговорно за подготовката и управувањето со апликацијата, не да служи како посредник;
- Со соодветен организациски и финансиски капацитет
Краен рок: 17 март 2017
За повеќе информации кликнете тука