Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ВТОР ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ВО РАМКИТЕ НA ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 26-11-2017 Location: Macedonia Back



Овој повик за поднесување предлог проекти е наменет за обезбедување поддршка на мали (грасрутс) организации, кои работат на локално ниво односно иницијативи предложени од нив кои придонесуваат кон примена во пракса на принципот на партнерство на ИПА 2. Како резултат на поддржаните активности, секој апликант се очекува да предложи локална иницијатива преку два типа на грантови кои ги овозможува овој повик: 

А. Вмрежување на актери од граѓанското општество – Поддршка на граѓански организации за спроведување иницијативи во рамките на граѓанското општество, преку меѓусебно вмрежување на актерите од граѓанското општество 

Б. Синергии и вмрежување со засегнати државни и недржавни чинители – Поддршка на граѓански организации во постигнување синергии и вмрежување со засегнати државни (општини, подрачни единици на министерства и останати институции на локално ниво) и не – државни чинители (бизниси, синдикати, медиуми, итн).


РОКОВИ: Доставување на апликации: од 25 октомври до 26 ноември 2017 г. 


Поставување на официјални прашања на електронска пошта со наведен референтен број IPA2/GS-02 до20 ноември 2017 г. Објавување на поддржаните проекти: до 15 декември 2017 г. Спроведување на активностите: 1 јануари 2018 г. до 30 јуни 2018 г. 

НАЧИНИ НА АПЛИЦИРАЊЕ: Граѓанските организации аплицираат со пополнување на соодветната ПРИЈАВА, БУЏЕТСКИ ОБРАЗЕЦ, како и ФОРМУЛАР ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПОТРЕБИ, вклучувајќи ги и соодветните прилози: (1) копија од решение за регистрација или тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, и (2) биографии на клучниот персонал. Опфатот на секторите и нивните потсектори се опишани во Прилог 1- Теми според индикативен стратешки документ Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат во електронска форма на ipa2cso@gmail.com (со назнака во subject: IPA2CSO Втор повик) не подоцна од 26ноември 2017 г. 23:59 часот.



Краен рок 26 ноември 2017г.




За повеќе информации кликнете  тука




Back