Цели и резултати
Предложените акции треба да придонесат кон остварување на општата цел на програмата Цивика мобилитас:
Општествените промени во Северна Македонија се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.
Апликанти
За да биде подобен за акциски грант во рамките на овој повик, апликантот мора да е регистриран во Северна Македонија, и тоа да биде:
- граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);
- непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.
- формално регистрираните мрежи, коалиции, сојузи или платформи регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г.
Сл. Весник 52/10); сочинети од најмалку три (3) активни организации.
Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери.
Големина на грантот
Грантовите мора да бидат помеѓу 2.500.000 и 3.000.000 денари.
Краен рок за поднесување на пријавите е 3 март 2021 г. до 14 часот.
За повеќе информации кликнете тука.