ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА/РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА ГЕФ ЗАКЛУЧНО СО 31 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА И 31 ЈАНУАРИ 2013 ГОДИНА/РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ: 0.6.3
Deadline: 23-02-2012
Location: Македонија
Back
Република Македонија доби грант од ГЕФ (Глобален еколошки фонд) преку Меѓународната банка за реконструкција и развој (IBRD), во својство на агенцијата за спроведување на ГЕФ, со цел спроведување на Проектот за одржлива енергија (ПОЕ) и има намера да употреби дел од средствата на консултантски услуги: Ревизија на финансиските извештаи на ГЕФ проектот за одржлива енергија заклучно со 31 декември 2011 година и 31 јануари 2013 година.
Министерството за економија ги повикува квалификуваните индивидуални консултанти да ги изразат својот интерес за вршење на услуги. Заинтересираните консултанти треба да достават информации демонстрирајќи ги потребните квалификации и релевантно искуство за потребните услуги.
Квалификации:
- Специфично искуство на консултантот за потребните услуги
- Адекватноста на предложената методологија и планот за работа на зададените задачи
- Квалификациите на клучните вработени и нивната компетентност во однос на задачата
Заинтересираните консултанти треба да обрнат посебно внимание на параграфот 1.9. од Упатството за избор и вработување на консултанти од позајмувачи на Светската банка, јануари 2011 (Упатство за консултанти), кој што ја наведува политиката на Светската банка во однос на конфликт на интереси.
Консултантот ќе биде избран сопред методот Least Cost Selection дефиниран во Упатството за консултанти.
Изразувањето на интерес мора да биде доставено на адресата наведена подолу, (лично, по пошта или по e-mail)
Министерество за Економија
Г-дин Трајче Андреевски
Проектен менаџер
Адреса: Јуриј Гагарин бр.15
1000 Скопје, Република Македонија
Контакт тел: +389 02 3093 096, 3093 530
E-mail: trajce@gef-piu.mk
Краен рок: 23 Февруари 2012
За повеќе информации видете во дневниот весник „Дневник“
Back