Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

МОН/ КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО ЗА АКДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 15-05-2012 Location: worldwide Back


Министерството за образование и наука за академската 2012/2013 година ќе додели стипендии за академски студии од втор циклус за студенти примени на академски студии од втор циклус на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Услови зa доделување на стипендијата:

Право да се пријават на конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  - Кандидатот да има завршено додипломски студии од прв циклус во траење од три, односно четиригодини и постигнат просечен
    успех од најмалку 8,50 или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство со
    остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50;
  - Кандидатот да е примен на академски студии од втор циклус прв пат во прва година во академската 2012/2013 година на еден од
    првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според
    последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при
    Шангајскиот Џио Тонг универзитет,
  - Кандидатот да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата,
  - Да не е корисник на стипендија од други даватели,
  - Да е државјанин на Република Македонија.

Краен рок: 15 Мај 2012

За повеќе информации кликнете
тука


 

Back