МОН / КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК И СТУДИСКО УСОВРШУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА ЗА АКАДЕМСКА 2012/2013 ГОДИНА
Deadline: 31-03-2012
Location: Република Словенија
Back
Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Р.М. и Министерството за високо образование,спорт, наука и технологија на Република Словенија за соработка во областа на образованието, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува Конкурс за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академска 2012/2013 година.
Услови за доделување на стипендијата:
1. Две (2) едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;
2. Осумнаесет (18) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со
поединечно траење од 3-6 месеци за кандидати до 30 годишна возраст.
Потребна документација за пријавување:
- Образец за пријавување
- Мотивациско писмо;
- Копија од диплома
- Препорака од двајца професори од матичната институција;
- Поканително писмо од словенечката институција кое ќе гласи на ваше име;
- Копија од пасош;
- Писмена согласност од институцијата;
- Кандидатите уметници потребно е да приложат свое дело (фотографија, записи, дијапозитиви, ЦД со свои дела).
Краен рок: 31 Март 2012
За повеќе информации кликнете тука
Back