Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

МОН / КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ – ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ ОД ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈ ЗА УЧЕБНАТА 2011/2012

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 02-04-2012 Location: Република Македонија Back


Министерството за образование и наука повторно распишува Конкурс за доделување на 70 (седумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2011/2012 година.

Услови за доделување на стипендијата:

  1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,5;
  2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,5;
  3.да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна
     документација со која ќе докажат дека се деца без родители;
  4. да не повторувале година во текот на образованието;
  5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; 
  6. да се државјани на Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:

  1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2011/2012 година;
  2. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието;
  3. Изјава потпишана од старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит,
  4. Потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна
      документација со која ќе докажат дека се деца без родители;
  5. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

Висина на Стипендијата:

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Краен рок:  02 Април 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back