Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ТАКСО/ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 16-04-2012 Location: Македонија Back


Македонската канцеларија на проектот ТАКСО отвори повик за градење капацитет на граѓанските организации на кој можат да се пријавуваат организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, како и други форми на здружување регистрирани согласно други закони.

Организациите треба да се пријавуваат согласно групата на која припаѓаат.

    Група 1 - Организации кои дејствуваат на локално ниво
    Група 2 - Организации кои дејствуваат на национално или на локално ниво
    Група 3 - Млади и нови организации

Области на поддршка

Организациско јакнење кое може да се однесува на:

    - Стратешко планирање;
    - Генерирање фондови;
    - Финансиско управување и планирање;
    - Проектно планирање и управување со проекти;
    - Односи со јавноста и соработка со медиумите и др.

Зајакнување на дејствувањето на организациите може да се однесува на општи области, како:

    - Застапување и лобирање;
    - Истражување и анализа;
    - Учество во креирање политики;
    - Поттикнување активизам и волонтерски ангажман и др.

Конкретните области за секоја од организациите од групите 1 и 2 ќе бидат одредени по индивидуалната оценка на потреби која ќе треба да ги посочи приоритетните теми за таа организација.
За група 3 областите на поддршка ќе бидат одредени по сумарна анализа на прашалниците за утврдување потреби за избраните организации од оваа група.

Програмата за градење капацитет ќе започне во мај 2012 и е планирано да се спроведува до декември 2012 г.

Краен рок: 16 Април 2012


За повеќе информации кликнете тука


 

Back