ПОВИК ЗА ИСТРАЖУВАЧИ: КОРИСТЕЊЕ НА ЕУ ФОНДОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Deadline: 19-04-2012
Location: Македонија
Back
Во рамките на својата Програма „ИПА мониторинг“, Институтот за европска политика во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје спроведува истражување на тема: Kористeње на ЕУ фондовите во Македонија
Целта на истражувањето е да се утврди ефикасноста на искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Македонија (ИПА), нивното влијание, како и проценка на абсорпционите капацитети на Република Македонија. Студијата ќе биде спроведена преку пет анализи на случај и една студија за апсорпционите капацитети за користење на ЕУ фондовите. Во текот на подготовката на студијата планирана е соработка и менторство со странски експерти од овaа проблематика од новите држави членки на ЕУ. Резултатите од истражувањето ќе бидат прилог кон јавна расправа во Националниот совет за евроинтеграции на Собранието на Република Македонија.
Избраните истражувачи треба да ги изработат студиите за 2 месеци од потпишувањето на договорот. Студиите треба да бидат напишани на англиски јазик. Секоја студија треба да биде во опсег од 5000-7000 зборови и да содржи:
- Резиме
- Преглед на литература и досегашни резултати
- Методологија,
- Дискусија за наодите од истражувањето,
- Заклучоци
- Библиографија
При употреба на цитати да се користи Oxford стил на цитирање.
Одбраните истражувачи за подготвената студија ќе се хонорираат.
Заинтересираните кандидати своите предлози за истражувачки студии, заедно со куса биографија/CV (најмногу две страни) треба да ги достават до Институтот за европска политика на contact@epi.org.mk
Краен рок: 19 Aприл 2012
За повеќе информации кликнете тука
Back