Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ФЕИТ – КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 14 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ФЕИТ ЗА УЧЕБНА 2011/2012

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 11-04-2012 Location: Македонија Back


Врз основа на потпишаните меморандуми за соработка меѓу ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО од една страна и Факултетот за електротехника и информациски технологии од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендии за студентите на ФЕИТ. Со стипендирањето на вкупно 14 новозапишани студенти на прв циклус студии, ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе дадат свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студенти запишани првпат, во прва година, во учебната 2011/2012 година на една од следните студиски програми:
  - Електроенергетски системи (ЕЕС),
  - Електроенергетика и управување (ЕЕиУ),
  - Електроенергетски уреди (ЕЕУ) и
  - Конверзија и искористување на електрична енергија (КИЕЕ).

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и важи за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  - да достави потврда за редовен студент запишан во прва година;
  - да достави Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  - студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се
    обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
  - други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Краен рок: 11 Април 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back