Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА И ДРВНА ИНДУСТРИЈА „ЕКСПОКОС 2012“

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 17-04-2012 Location: Приштина, Косово Back


Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organization, организира учество и посета на македонски компании на  најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија  EXPOKOS 2012 во Приштина - Косово.

EXPOKOS ќе ги собере на едо место водечките локални и светски производители на:  градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала  за индустрија, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, аутоматика и роботика, хемиска и пластична  индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др.    

Во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес конференции, заедничка вечера на сите излагачи,додела на сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти.

Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка  на заинтереситраните за учествуво на Саемот  како излагачи.  За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз.

Крaен рок:  17 Април 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back