Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА:"МОЖНОСТИ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ ОД ИПАРД ФОНД

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 19-04-2012 Location: Македонија Back


На 31.03.2012 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој -ИПАРД објави јавен повик за поднесување на барања за проекти кои ќе бидат кофинансирани.

На ова советување учесниците кои ќе присуствуваат ќе имаат јасни сознанија за:

  1. Критериуми за аплицирање за проектите
  2. Документација потребна за аплицирање
  3. Презентација на проектот кој се поднесува со апликацијата

Проектот ИПАРД ги поддржува проектите на цела територија на Република Македонија
ектори кои се подржуваат:

  - Преработувачи на овошје и зеленчук
  - Откупни центри за овошје и зеленчук
  - Млекари
  - Преработувачи на месо
  - Кланици
  - Винарии
  - Производители на леб , колачи и тестенини (Пекари и млинови )
  - Производители и преработувачи на чаеви , лековити билки , преработувачи на лековити билки
  - Производители на печурки , собирачи на печурки
  - Туризам – сопственици на семејни и викенд куќи
  - Фирми кои се занимаваат со угостителство или планираат да градат угостителски објекти и рекреативни капацитети
  - Занаетчии и фирми кои се занимаваат со производство и преработка на дрво во мебел , граѓа и други дополнителни производи
  - Занаетчии кои преработуваат железо
  - Други занаетчиски гранки
  - Примарно земјоделие во секторите овошје и зеленчук на отворено и затворено , сточарски фарми
 
Кои проекти се подржуваат:

  - Изградба на нови објекти
  - Набвака на нова опрема и линии за производство
  - Дополнителна опрема за веќе постоечките линии за производство

Семинарот е наменет за фирми и фички лица кои се преработувачи и производители на храна , фирми и физички лица кои се занимаваат со туризам и занаетчии.
 
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество.
Семинарот ќе се одржи на 20 април 2012 година (петок) од 09.00-16:00 часот во просториите на Стопанска комора на Македонија.


Краен рок: 19 Април 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back