Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 30-05-2012 Location: Македонија Back


Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на Дводневниот семинар на тема " Учество на македонските компании на тендерите на Обединети Нации.

Дводневниот семинар ќе се одржи на 30 и 31 Мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје.

На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите Нации. Сите Агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди долари. Производите кои се предмет на набавка се (платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени продукти, градежни материјали и слични производи за кои Македонија може да земе учество).

Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави членки на ОН што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на web страната на ОН и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН.

За учество на тендерите на Обединетите Нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување:
 
  - 3 години минимум искуство во бизнисoт и
  - финансиски извештај за последните 3 последователни години.

За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на Пријавниот лист.

  
Краен рок: 30 Мај 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back