Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

СКМ / ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА: "ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИ" АКТУЕЛНИОТ МОМЕНТ И ОБВРСКИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 25-04-2012 Location: Македонија Back


Согласно Законот за енергетика, секоја општина има законска обрска за  изготвување Програма за енергетска ефикасност, со која се утврдува политиката на опшината за спроведување на енергетската ефикасност. Програмата се изработува во согласност со Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност. Истата ја донесува Советот на општината, а во неа се изготвува акциски / динамички план за три години.

Енергетската ефикасност на згради е мултидисциплинарна област во која се вклучени експерти од повеќе дисциплини (урбанизам, проектирање, машинство, електрика, екологија). Меѓутоа, основата за добри или лоши енергетски карактеристики на зградите лежи во објектот и ефикасноста на неговите градежни конструкции.  Факт е дека областа градежна физика и процедурите за пресметка на топлинските својства на зградите во согласност со важечките македонски (МКС EN ISO) стандарди многу малку или воопшто не се изучува на факултетите.

Согледувајќи го овој факт, како и актуелната законска обврска на општините, Стопанската комора на Македонија, го организира овој еднодневен семинар за стручните лица од Општините во Република Македонија, кои се заинтересирани за подетално запознавање или надополнување на своите знаења во оваа многу значајна област, а посебно и во имплементација при изработка и на Програмите согласно законските обврски.
Учесниците на семинарот ќе добијат печатен работен материјал и CD со Power Point презентации на темите, а ќе добијат и сертификат како потврда за учество на семинарот. Цената за еден учесник изнесува 4.720 денари (4.000+ДДВ).

Семинарот ќе се одржи на 26 април 2012 година  од  09:30 до  17:00 часот во просториите на Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.


Краен рок: 25 Април 2012

За повеќе информации кликнете
тука

 

Back