Innovation in Research Excellence in Management & Development Work
   EN   MK

ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО - КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Skip Navigation LinksHome - Item
Deadline: 04-06-2012 Location: Македонија Back


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

  1. Поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, коишто имаат долгорочно
      искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат
      граѓански иницијативи (грантови во износ до 20.000 американски долари);

  2. Поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања во
      следните подрачја: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките
      партии, политиките што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост и усогласеност со
      политиките на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови помеѓу 10.000 и 30.000 американски долари).

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби и меѓусебно поврзување.

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
 
  • директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
  • покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
  • нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
  • применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
  • промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
  • градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.


Краен рок: 4 Јуни, 2012 до 16:00 часот

За повеќе информации кликнете
тука

 

 

Back