ПРОЕКТ ЗА УСЛОВЕНИ ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ (УПН ПРОЕКТ)/ КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
Deadline: 21-11-2011
Location: Македонија
Back
На Република Македонија и е одобрен кредит од страна на Светска банка за потребите за реализација на Проектот за условени парични надоместоци. Дел од овие средства ќе бидат искористени за плаќање на обврските што ќе произлезат од договорот што ќе се склучи за Функционална анализа на Центрите за социјална работа.
Избраната компанија ќе треба:
- Да направи прелед на постојната функционална организација на секој од 33-те ЦС
- Да предложи реорганизација на функциите и одговорностите на вработените и одделенијата во ЦСР
- Да изготви нацрт работни процедури за работни позиции
- Да ја следи имплементацијата на реформата.
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани компании да изразат интерес со достава на документи со кои се потврдува дека се квалификувани за вршење на услугите и тоа: портфолио на фирмата, брошури, описи на слични проекти, доказ за искуство во земји со слични услови и др. Консултантските компании можат здружено да аплицираат.
Компанијата треба да ги поседува следните квалификации:
- Опсежно искуство во областа на функционалните анализи
- Иксуство во областа на буџетирање, финансиски менаџмент и процедури за исплата
- Искуство во земјите од централна и источна Европа ќе се смета за предност
- Најмалку универзитетско образование во областа на општествените науки
За дополнителни информации моќе да се обратите во Единицата за управување со УПН Проектот, телефон број ++389(0)2 3296-807, ++389(0)2 3296-291, е-маил: sbatova@mtsp.gov.mk
Документите со кои се изразува интерес мора да бидат доставени на следната адреса:
Министерство за труд и социјална политика
Проектот условени парични надоместоци (УПН проект)
Даме Груев 14 (архива на приземје), 1000 Скопје, Република Македонија
Со назнака: за Андријана Бакева, директор на УПН проект
Краен рок: 21 Ноември 2011
За подетални информации видете во дневниот весник Нова Македонија
Back